EnglishAlbanianMacedonian




Подарок мотор од СН Финансиско друштво за најтрофејниот спортист на Македонија во мотокрос трки

Брзината како стил на живот, a животот како во молскавичен сон.
Таков е животот на најтрофејниот мотокрос натпреварувач во историјата на Македонија.
Христиан Кико Илиоски.
Вози од својата 7 година и има освоено над 200 пехари, 30 медали и две златни кациги, што значи дека во два наврати во континуитет од три години бил со шампионски титули.

Тој е единствениот Македонец кој застанал на мотокрос стазите на европско првенство и оттаму се вратил трет.
Се натпреварувал и на светско првенство во Мотокрос, пласирајќи се во првите 10.

Христиан Илиоски Кико е шампион и легенда во исто време, но направил и на два пати, по три години пауза, затоа што немало кој да го поддржи. 6 години да се направи пауза за една блескава кариера е прилично, а да на станува збор за спортски повреди.
Од март оваа 2022 година, позади Христиан застанува СН Финансии инвестирајќи во мотор и пратечка профи опрема за неговите трки. Иницира и поширока акција помеѓу битолските компании за поддршка на овој врвен спортист:

„Оние кои добро ме знаат добро знаат дека сите мои хоби се поврзани со брзина и авантура.
Оние кои не ме знаат добро, пак добро знаат дека СН финансии е секогаш со спортистите кои се на врвот. И со нив на природно место се пиедесталите.
Така го запознав херојот на мотокрос стазите.
Тоа е Христиан Кико Илиоски.
Стилот на живот на Христијан е брзината и победите.
И тука се пронајдовме со него, дополнително.
Затоа што СН финансии се познати по брза и ефикасна услуга, но и по победи во она што го работиме, а тоа се бројките во финансиите.
Затоа започнува и оваа наша соработка. Христиан ја добива целата наша поддршка како спортски амбасадор на компанијата која ја водам“
- истакна Никола Јошевски генерален директор на СН Финансии.

Мотор КТМ 450 SXF и профи кацига се само прв дел во донацијата за овој спортист. Како и логистичка поддршка за сите негови настапи на натпреварите.

„Денес сум со трема како можеби пред најтешките трки. А имам и причина, ова е најголема донација која досега сум ја добил. Но и среќен, затоа што со овој мотор ќе го подобрам својот перформанс на патеките. Брзина и апдејтирана техника. Сезоната почнува за неполн месец и оваа донација доаѓа во вистинско време“ - истакна Христиан Илиоски Кико на церемонијата во Битола каде се означи почетокот на оваа соработка која според најавите ќе трае.

„Ја користам оваа прилика да изразам бескрајна благодарност за СН Финансии кои на првата средба ги слушнаа нашите планови и уште на истиот состанок рекоа „Со вас сме!“ Така Кико тогаш експресно прво доби нова кацига, а потоа се нижеа идеи. Тие во овој проект настапија како пријатели, како најголема поддршка која можеби ние не ја добивме од вистинските пријатели и ќе ја оправдаме со врвни резултати“ - истакна менаџерот на овој врвен спортист Игор Ѓоргиоски.

 

СН финансии - секогаш со спортистите кои се на врвот.

Top