Викендов беше отворена 17-та по ред експозитура на СН Финансии.
Овој наш раст зборува дека сакаме да бидеме што поблиску до нашите клиенти.
Локацијата е комплекс Нов Пазар, Битола на ул Васко Карангелевски.
Целта на тоа да одиме на нови локации со нови експозитури е она по што сме познати, а тоа е директниот контакт со финансовите комерцијалисти, многу важен за голем број наши клиенти за кои советувањето на шалтер е одлучувачки фактор за да се избере услуга и производ идеален за клиентот. Нашата компанија е и пионер во дигитализација, нешто што е засилена стратегија за нашето комплетно работење. Но, исто така сме посветени и на ширење на нашата мрежа со експозитури.
Со секоја нова експозитура во нов и наменски дизајниран простор на нашето Финансиско друштво кое е единствено во Македонија формирано од домашен капитал и е предводник на бројни иновации за Финтек индустријата во регионот, е уште еден доказ дека станува збор за компанија за која и амбиентот во кој се работи треба да биде функционален и безбеден и за клиентите и за вработените.
Како и на сите локации, така и на оваа жителите на Битола и околните општини ќе имаат пристап до сите услуги кои ги нуди оваа компанија.
17 експозитура на СН финансии е сместена во модерен простор кој го дели со ЈК ТРАВЕЛ, партнер на СН ФИНАНСИИ на бројни локации низ Македонија.