EnglishAlbanianMacedonian




Потребни ви се вистински луѓе за успех, но уште поважно е да ги позиционирате на вистинското место

Интервју со Бујар Драла

HR менаџер во СН финансии

По професија сте правник, но работите како HR во СН финансии.

Човековите ресурси во последните години играат значајна улога за сериозни компании. Многумина сметаат дека оваа професија, за која до неодамна не се знаеше многу, ќе почнат да ја сонуваат. Зошто?

Човечките ресурси се едни од клучните сегменти во работата на една сериозна компанија. Глобалните трендови зборуваат дека во оваа 2022 година бројот на  HR менаџери во светот ќе расте за 10% и ова поле на делување во идните години ќе се развива паралелно со напредокот на дигиталните технологии.

HR професионалците, заради природата на работата, имаат единствен увид во комапниите во кои се вработени. Го разбираат работењето и целиот процес, но и учествуваат во иднината на компанијата, благодарејќи на фактот што носат одлуки важни за највредното нешто во многу компании, а тоа се вработените.

Кои се предностите да се работи на оваа професија во една нова модерна комапнија како што е СН финансии?

Да работите во компанија во која цементиран е ставот дека "Успехот на компанијата е во тимот", како професионалец во оваа област е веројатно огромно задоволство. СН Финансии е млада и динамична компанија составена од личности кои што ги краси голем ентузијазам. Тоа се личности отворени за нови идеи. Имаме една проактивна средина која восхитува. Како што споменав, ова е млада комапнија и по години на постоење и по просечна возраст на тимот. Ова е исто така комапнија која нуди големи можности за развој на кариера, компанија која се грижи не само за испорака на резултати, туку и за другите аспекти од задоволството на вработените.

HR има целосен увид во работењето на компанијата. Тоа се личности кои го чувствуваат пулсот на фирмата и работат посветено на тоа, оние кои работат во неа да се чувствуваат добро и корисно. Колку имате впечаток дека со Вашата професија ги менувате на подобро туѓите животи?

Добар HR менаџер може навистина да делува на луѓето и да ги подобри нивните животи. Првенствено, затоа што може да ги распореди на позиции кои одговараат за нив и да ја следи нивната работа. Во СН Финансии, континуирано работиме и на непрекината едукација на тимот, со тоа тие можат многу полесно да напредуваат во кариерата, да се стекнат со нови вештини...списокот на можности да им помогнете на луѓето е бескраен.

Честопати позади големите постигнувања на вработените стои всушност компанијата за која тие работат, односно HR професионалците кои успеале да ги препознаат квалитетите, предностите и слабостите на вработените и да ги насочат кон успех. За колку такви трансформации од просек или неуспех до успех може да се зборува во СН финансии?

Како регрутер се среќавам со личности од различни професии. Има во нив личности со вистинска автентична страст и посветеност со која ја работат работата и си ја сакаат професијата. Има и личности кои имаат капацитети, но сé уште се бараат себеси. Првите ги води страст и љубов кон работата и тоа навистина за восхит. А кај вторите, со посветеност и работа со нив, буквално да се застане зад нив, може да се постигне трансформација. За секој професионалец во оваа област, тоа е можеби и најголемата сатисфакција, да се работи со луѓе на кои им се помага да ја најдат смислата кон работата и да ја засакаат на начин кој е ОК за нив.

Во Вашата работа има и решавање на проблеми.  Дали некогаш имате чувство дека го претчувствувате проблемот кој се подготвува?

Ако комуницирате секојдневно и искрено на сите нивоа на организација во компанијата, проблемите се воочуваат многу брзо. Реагирањето навреме е клучно. Кризните точки на кои главно "паѓаат" луѓето е кога ги трпат или кога се премолчуваат проблемите. Некои сметаат дека некој друг ќе им ги реши, па прават претпоставки, наместо да ја разберат ситуацијата и сопствената улога во неа. Исто така и откажувањето од проблемот, по само еден напор е знак дека не може тоа така. СН Финансии имаа искусен менаџерски тим на сите нивоа, па затоа нештата не одат во стихија, која е често тренд кај компaниите на ова тло. Имаме изграден систем за решавање на проблемите, оваа компaнија динамично се развива и се менува, па во хармонија со тој раст работиме интензивно и на превенирање на проблемите.

Амбиентот во кој работите е посакуван за многу успешни луѓе. Што е тоа што СН финансии ја прави поразлична од другите?

Ангажирање на вистинските личности на одговарачки позиции се клуч на успехот. СН Финансии е модерна компанија која пружа максимум и во однос на зацртаните цели и како добар менаџмент кој ги мотивира вработените да ја живеат визијата и мисијата на компанијата, зошто знае дека тој е тимот кој работи на остварување на стратегијата.

СН Финансии е компанија која е целосно свесна дека работи во едно динамично опкружување. Во многу сегемнти е со многу чекори напред од опкружувањето. Од тоа каква работна средина им пружа на вработените,  амбиент по светски стандарди, колку работи на нивно усовршување, како ги мотивира низ процесите, притоа гледајќи ја широката слика. Вработените имаат шанса да користат и бенефиции и софт елементи кои ги нуди комапнијата за нивно усовршување. Се цени многу високото ниво на самомотивација кај тимот, правиме и структурирани истражувања на задоволството на вработените, а сега главен предизвик ни е организациската култура, при што работиме кон големата цел е тоа е посакуваната корпоративна култура по примерот на големите светски комапнии во нашата бранша.

Top