• февруари 20, 2017

    Гаранции

     

    ФД Сн Финансии како финансиско друштво регистрирано во Р. Македонија во соглсност за законот за финансиски друштва има дозвола издадена од Министерството за финансии (13-14385/4 од 14.12.2016)  која му овозможува и издававње на гаранции.

    ФД Сн Финансии  го разбира значењето на сигурни и регулирани партнерски односи со Вашите деловни партнери во земјата. Затоа Ви нудиме можност за користење на повеќе видови гаранции кои значително ќе го олеснат работењeто со Вашите добавувачи и клиенти, ќе го забрзаат и гарантираат процесот на плаќање, испорака и квалитет.

     

    Што претставува банкарската гаранција?

    Банкарската гаранција е инструмент кој може да Ви помогне за навремено плаќање на стоките/услугите или доброто извршување на договорната обврска.

    Овој инструмент го штити исполнувањето на договорот, штитејќи ги интересите на налогодавачот (купувачот/извршителот) и на корисникот (продавачот/нарачателот). Со тоа Вашиот бизнис е заштитен од непредвидени трошоци и одложувања.

     

    ФД Сн Финансии  во моментот ги нуди следните гаранции:

    • гаранции за учество на тендер
    • гаранции за навремено и квалитетно извршување на работите
    • гаранции за уредно измирување на обврските.